Објавено на:

Ќе има ли нови избори во Србија: Брнабиќ е ЗА!

t

Премиерката на српската техничка влада Ана Брнабиќ денеска изјави дека не гледа ништо лошо доколку не биде премиер и во следниот мандат и порача дека дефинитивно останува во Српската напредна странка (СНС), јави дописникот на МИА од Белград.

-Не гледам зошто луѓето толку фаталистички гледаат на овие работи. Промената е природен процес – изјави Брнабиќ за Хепи ТВ.

Таа се заложи за нови избори во Белград, а не е ни против нови парламентарни избори.

Зборувајќи за денешната средба меѓу Александар Вучиќ и Драган Ѓилас за решавање на изборната криза во Белград, Брнабиќ оцени дека не станува збор за средба „како тие заедно да чувале овци“, туку лидерот на Партијата за слобода и правда (ССП) „го замоли Претседателот на Србија на средба“.

Претседателот на сите граѓани ја прифати таа средба, објасни Брнабиќ и потсети дека Партијата за слобода и правда на Ѓилас станала парламентарна.

Објаснувајќи зошто е за нови градски избори, таа како повереник на СНС за Белград посочи дека тоа би било најдобар начин за гласачите да видат како опозицијата влегува во непринципиелни коалиции, „само за да бидат против СНС и Вучиќ и на тој начин да ја зграпчат власта“.

-Тие немаат заеднички именител. Мило ми е што го покажаа своето вистинско лице, тие немаат ни морал, изјави Брнабиќ, фалејќи ја воедно убедливата победа на Вучиќ на претседателските избори.

„Ниту еден од противниците на претседателските избори се уште не му честитал на Вучиќ за убедливата победа. Ова е основна пристојност. Срамно е што не честитаа, тоа е пример за немање основна политичка култура и основна култура. Тоа е одвратен пример на политичка некултура“, оцени Брнабиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Портпаролот на ИДФ: Ќе направиме се што…

Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), Даниел…

Дачиќ ја оцени како „дрска“ изјавата на…

Изјавата на министерот за надворешни работи на…

Според Календарот на МПЦ, денес се празнуваат…

Свети Никита Исповедник Роден е во Витинија…

,,Нетанјаху и неговата влада станаа егзистенцијална закана…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговата влада…