Ќе има ли одговорност за Ставрев: Наредбата за Мијалков била за 12 декември, а не за денес!
Откако утринава екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, не беше спроведен во Кривичниот суд на рочиштето за случајот „Титаник 2“, директорот на затворот во Струга, Ваљон Ќуља, за „Фокус“ појаснува дека судот направил техничка грешка и наместо за денес, наредбата за спровод на Мијалков била за 12 декември. Како што појаснува, токму затоа и Мијалков не бил спроведен, бидејќи за денеска воопшто не примиле наредба за спровод.

-Станува збор за техничка грешка од страна на Кривичниот суд. Во нашата институција најпрвин примивме наредба за спроведување на осудениот Сашо Мијалков на 28 ноември, за одредено рочиште на 12 декември. По оваа наредба постапивме и го испративме осудениот Мијалков на рочиште. Оваа судско рочиште беше одложено и потоа на 14 декември пристигна ново барање од Кривичниот суд за истото лице, но и во ова барање датумот на судското рочиште е истото од преходното барање, значи 12 декември. Значи евидентно е дека станува збор за техничка грешка, затоа во прилог ви ги испраќам и двете писма што ние како институција сме ги примиле. Настојуваме на транспарентност и соработка со сите институции, јавноста и секако медиумите, ни изјави директорот Ќуља за „Фокус“.

Директорот истакнува дека доколку е потребно тие и денеска ќе го спроведат Мијалков, односно за час и половина ќе го донесат во Кривичниот суд.
Инаку денеска во Кривичниот суд се одложи рочиштето за случајот „Титаник 2“, во кој обвинет е екс директорот на УБК Мијалков. Овој предмет застарува наскоро, односно кривичното дело за кое се гони „Примање награда за противзаконито влијание“ му застарува за четири месеци, или во април 2023 година. Тој се гони за учество во изборни нерегуларност на локалните избори во 2013 година.
Следното рочиште е закажано за во понеделник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПОРАНЕШНИОТ БУГАРСКИ ЦАР СО ПОРАКА ПО СРЕДБАТА…
Поранешниот бугарски цар и експремиер Симеон Сакскобурготски…
НЕОЧЕКУВАН ПОВИК ВО ИЗРАЕЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Нетанјаху итно…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според информации што…
НОВА ЕСКАЛАЦИЈА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Иран испратил…
Иран лансирал нов бран беспилотни летала насочени…
Пријавени проблеми со итниот број 911 низ…
Од Соединетите Американски Држави пристигнуваат извештаи за…
Мосад им помогнал на Македонија и на…
Израелските разузнавачки информации споделени со Грција и…