Ќе има ли поевтини летови: И ЛУФТХАНЗА СЕ ПРИЈАВИ ЗА ДА ЛЕТА ОД МАКЕДОНИЈА

t

Визер и Луфтханза се пријавиле за финансиска поддршка за воведување на нови авиолинии од двата аеродроми, Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, соопшти министерство за транспорт и врска.

Тие посочуваат дека на јавниот повик од 1 март 2023 година до 31 март 2023 година документација доставиле само тие две авиокомпании.

Комисијата составена од членови од неколку државни институции во следниот период ќе изврши евалуација на доставените понуди, согласно утврдените критериуми во јавниот повик.

Јавниот повик за субвенционирање на нови авиолинии беше распишан во согласност со политиките на фер и конкурентски услови согласно регулативата на Европска унија.

Финансиската поддршка има за цел поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Македонија, заради квалитетен развој на цивилното воздухопловство, формирање на поконкурентни и подостапни цени на билетите што директно подразбира нови дестинации за граѓаните на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД разгледуваат намалување на военото присуство во…

Намалувањето на американското воено присуство во Европа…

Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…

Уапсен 36-годишник од Гевгелија, ја следел и…

Полицијата уапсила 36-годишен жител на Гевгелија по…

Одржан 51 „Марш за ангелите“ во Кочани:…

Во Кочани денеска, 14 ноември 2026 година,…

Србија го раскинува договорот со зетот на…

Српската влада донела одлука за раскинување на…