Ќе има ли проширување на пакетот уставни измени?
Личен став на новиот министер од Алијанса, или најава на мала врата дека Владата ќе влезе во поробусна операција за промена на Уставот?
Премиерот Димитар Ковачевски не одговори конкретно каков е неговиот став, но не ја исклучи опцијата дека во текот на процесот ќе се појават и идеи за други измени во Уставот, нешто што вчера го најави министерот за правда Кренар Лога… Сепак, и Ковачевски како и Лога кажа дека приоритет остануваат уставните измени за внесување на Бугарите и други заедници во моментов како обврската за продолжување на европскиот пат на земјава..
– Приоритет во однос на Уставот е исполнување на нашата обврска од преговарачката рамка, којашто ја усвоиле 27 земји членки на ЕУ, во делот на уставните амандмани за вклучување на други делови од народи којшто живеат на територијата на Македонија. Тоа е приоритет. Нормално дека во тој процес ќе се појават веројатно и идеи во однос на некои други делови од уставот, бидејќи министерот Лога кажа и за други делови од Уставот кајшто треба да се направат унапредувања, а којшто се повеќе од процедурален карактер на функционирањето на одреден број на институции. Но, приоритет се уставните измени со цел продолжување на европскиот пат на државата, изјави Ковачевски.
За разлика од Ковачевски, министерот Бујар Османи беше подециден во пораката дека фокусот сега треба да биде на уставните измени за продолжување на преговорите со ЕУ, а отворањето на Уставот, според него, не треба да се оптоварува со други политички прашања.
-Не ја знам изјавата и намерата на министерот, се разбира дека има и други прашања кои партиите бараат да се регулираат, но тие се повеќе од административно-технички отколку од политички и етнички карактер. Личен мој став е дека сега треба да се концентрираме на уставните измени поврзани со продолжување преговорите на ЕУ затоа што тие целосно се технички, немаат политички последици, не носат никаква закана за државата и за заедниците. Затоа сметам дека отворањето на Уставот не треба да се оптовари со други политички прашања кои веројатно уште повеќе ќе го поларизираат општеството, кажа Османи.
Министерот за правда Лога вчера најави дека формирањето на работната група што ќе ги дефинира уставните амандмани е прашање на денови… освен за Преамбулата, најави разговори и за пакет-решение во кој би влегле и други измени на Уставот, како што е прашањето за замена на формулацијата 20 проценти за албанскиот јазик, прашањето со вакуумот кој се случи за потпишувањето на еврообврзницата со оставката на министерот, и уште неколку системски промени.
Засега нема информации кој се ќе учествува во работната група, но веќе е извесно дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема да делегира свој претставник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…
На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…