Ќе има ли разрешувања во Судски совет? – Калајџиев: Не знаат што е поделба на власта-шпанска инквизиција

t

Најавите на премиерот Христијан Мицкоски изминатиов период, дека по празниците се размислува да се преземат потези за Судскиот совет, ја отвора дилемата дали би можело да има разрешувања во ова тело, особено откако пред новогодишните празници во Собранието беше усвоен негативниот извештај за неговата работа. Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев ваквите најави ги оцени како шпанска инквизиција и дека со ова се урива начелото на поделба на власта, а дека проблемот со Судскиот совет е предимензиониран. Владата наместо да се конфронтира треба да им создаде подобри услови смета тој.

„Не разбираат луѓе што е поделба на власта. Не може извршната власт со сечење на некакви гордиеви чворови да го решава судството. Не му е тоа него работа. Тие треба да создаваат само услови за работа и полека да бараат можеби решенија. Не се решаваат проблеми што траеле 30 години или повеќе преку ноќ, а најмалку се решаваат со тоа ќе ги избркаме едни ќе донесеме други“, вели Гордан Калајџиев.

Но како да се реши проблемот со судството и високата корупција во него. И новоименуваниот претседател на Судскиот совет Александар Камбовски најави чистка во редовите на судиите на оние кои се огрешиле во работата па дури и наброја дека тоа се 10, 15, 20 судии. Премиерот Мицкоски по ова не сакаше да го коментира Камбовски.

„Немам коментар сега, пречесто некако коментираме, па пречесто експертите ги коментираат нашите коментари. Немам што да кажам ниту пак да дополнам на тоа што се случува, еве да видиме како ќе работи новиот претседател на Судскиот совет“, вели Христијан Мицкоски.

Калајџиев смета дека голема грешка се прави со тоа што власта си носи свои луѓе и врши директна партизација и дека со тоа не се решава проблемот туку се создава уште поголем. Со ова власта покажува дека не знае што значи поимот правна држава, вели Калајџиев.

„Овие брзи решенија со наводно одлучни чекори се всушност фрлање на прашина во очи и се погрешни. Во тоа како одат именувањата на челниците во судството и во Академијата а богами и во службиве за безбедност оди кон партизација. Градењето на независно судство и ефикасно е долготраен процес и сигурно не е со овие чекори што тие ги прават. А ова повеќе личи на некоја пи-ар политика и на неразбирање на тоа што значи владеење на право и правна држава“, вели Гордан Калајџиев.

Инаку, пред новогодишните празници за нови членови на Советот беа избрани Аритон Ала од скопска Апелација и Данка Ристова од Апелациониот суд од Штип. Ристова е инаку сопруга на градоначалникот на Радовиш Ацо Ристов кој е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Toшковски го пофали обвинителството: Обвинението пристигнало во…

Претседателот на кочанскиот суд, Спиро Борисов, во…

(Видео) Пеката од ВМРО-ДПМНЕ како студент имал…

Во најавената епизода на „На кавга со…

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…