Објавено на:

Ќе ни забранат да збориме за „датум“: Гир ни порача да не си играме со датуми туку со реформи

t

Шефот на Делегацијата на ЕУ Дејвид Гир е загрижен од растечката политичка поларизација, особено во Собранието, поради што им порачува на „различните политички групи да седнат и да кажат – да, не се согласуваме за многу нешта, но се согласуваме за државните интереси, се согласуваме за ЕУ-агендата и за тоа дека сакаме да напредуваме“.

– Тоа значи дека ќе има помалку употреба на европското знаме за да се скрати дебатата, но и дека законските решенија нема да бидат блокирани само зашто може да бидат блокирани – вели Дејвид Гир во интервју за „360 степени“

Амбасадорот на ЕУ во земјава е охрабрен од новата динамика во односите меѓу Македонија и Бугарија, но вели дека не сака да влезе во „игра на датуми“ за тоа кога би се случила деблокада на пристапниот процес на земјава.

– Она што го гледаме во изминатите месеци, од јануари наваму, е нова динамика во односите. Има работни групи, интензивирање на контактите што е многу охрабрувачки. Ова е добро, ова е позитивно, сакаме тоа да продолжи, да се одржи „моментот“ за овие прашања да се надминат и потоа да се отворат пристапните преговори, што е можно побрзо – вели евроамбасадорот.

Тој го пофали раководството на земјава за, како што вели, јасниот и недвосмислен став во изразената солидарност со Украина и со нејзиниот народ, притоа демонстрирајќи не само посветеност на насоките на ЕУ и поставувајќи се на иста линија со санкциите на ЕУ, туку и правејќи многу јасен морален избор. Тој посочува дека настаните во Украина уште еднаш покажале што значи европската перспектива, која вели дека нуди најдобра надеж за сите нас, за демократска иднина, за побезбедна, постабилна и попросперитетна иднина.

– Секако, има чувство на итност за тоа, зашто гледаме драматични настани во Украина. Но, таа итност не мислам дека ја менува основната методологија поврзана со пристапниот процес, а тоа е реформата. Темпото на самите реформи е за подготвување на оваа земја и другите држави кандидатки за членство во ЕУ. Тоа значи дека треба да се осигураме дека има систем на владеење на правото, систем кој спречува корупција, бизниси кои имаат можност да се натпреваруваат во единствен пазар од 450 милиони консументи кој е многу натпреварувачки пазар, дека луѓето може да се натпреваруваат на пазарот на трудот со вистински вештини и работни позиции. Тоа значи подготвување за членство и затоа не гледам скусување на процесот за спроведување реформи, зашто тоа не е во ничиј интерес и треба да се осигураме дека земјата е целосно подготвена за членство за сите да можат целосно да ги уживаат бенефитите од членството кога државата ќе стане членка – порача амбасадорот Дејвид Гир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОГРОМЕН УСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ: Во преполната…

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски вечерва славеше со…

Буркина Фасо ги забрани радио станиците Би-Би-Си…

Буркина Фасо ја забрани работата радио станиците…

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ го замениле името Македонија во…

Вечерва во ТВ соочување во емисијата само…

Пендаровски во Крушево: Не ни помислувам да…

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија,…

Се јави Бучковски: ЗНАМ на Максим Димитриевски…

И на изборите во 2006 година имаше…