Ќе ни се случи ли Бугарија – Несогласување и во македонската владина коалиција? Милевски отворено контра францускиот предлог!

t

Министерот за локална самоуправа и лидер на Либерално-демократската партија, Горан Милевски, на социјалните мрежи објасни зошто е против францускиот предлог, ѝ се заблагодари на Франција и го отфрли планот за решавање на спорот меѓу Софија и Скопје и почнување на преговорите на Македонија за членство во ЕУ.

Ја пренесуваме неговара објава во целост:

„La France merci, mais NON,
-Билатералните спорови не смеат да станат Европски услови, како што спорот помеѓу Словенија и Хрватска не беше проблем за влез на Хрватска во ЕУ.
Македонската евроинтеграција не смее да биде заложник на фрустрациите на Бугарија.
-Секое предлог-решение мора да добие согласност од Македонскиот парламент.
-Јазикот не може да биде компромис, бидејќи тоа е веќе решено прашање со Преспанскиот договор.
-Со Преспанскиот договор се гарантираше влез на Македонија во НАТО и ЕУ. Ако сега едниот гарант на договорот, ЕУ, не го почитува, тогаш се доведува во прашање и смислата на самиот договор и колку Македонија треба да го почитува.
-ЕУ треба јасно да се изјасне, ја сака ли Македонија во ЕУ или НЕ. Ние повеќе немаме време за губење. Потребен ни е брз развој со јасни политики и однос кон ЕУ и нивните перманенти условувања.
-Во ЕУ ќе влеземе како Македонци со своја вековна историја, култура, традиција и вредности, со сопствен јазик и посебности а влез како втора бугарска држава, ниту сакаме, ниту некој може да прифати, ниту кореспондира со реалноста и историјата.
-Историската комисија да достави на увид што се договориле со нивните колеги од Бугарија. Не може 3 историчари да бидат историската вистина. За секое нивно решение треба да има широк општествен консензус.
Ова е мој личен став кој ќе го застапувам во рамките на партијата и Владата,“ напиша Милевски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Селекторите едногласни: Во прв план е фудбалскиот…

На прес конференциите пред одигрувањето на утрешниот…

Kaква дpcкост на Шилегов: Му рекол на…

Нема да добиете советници, а јас ќе…