Ќе останат полу(не)писмени: Училиштата во кои има дојави за бомби се префрлаат на онлајн настава, апликацијата “Teams” функционира чат-пат

t

Министерството за образование и наука ја одлучи во деновите кога ќе има дојави за бомби во училиштата каде ќе се случува тоа да се изведува онлајн настава, потврдуваат од МОН за Инфомакс.

До нашата редакција претходно пристигнаа поплаки од наставници и ученици кои добиле насока да спроведувата онлајн настава, меѓутоа платформата која се користи за спроведување на наставата “Teams” не била функционална.

Наставниците биле известени дека поради технички проблеми кога примарната апликација нема да функционира, да ја имаат како резервна опција бесплатната апликација Зум.

– Поради технички проблеми со лиценците на ТИМС од страна на МОН, до средување на проблемот, апликацијата овие неколку дена можеби нема да функционира кај некого. Кај некои ученици и наставници е во ред, некои не можат да се логираат. Доколку се појави таков проблем, ако се поголем број на ученици или Вие имате таков проблем, одите на втора варијанта на Зум.

Од МОН велат дека техничките проблеми со апликацијата се надминати и дека таа веќе функционира нормално, а во училиштата каде ќе има дојави за бомби наставата ќе се спроведува онлајн.

– Teams апликацијата во моментов функционира и секој ученик со своето корисничко име и лозинка може да пристапи и да го користи профилот за вклучување во онлајн настава доколку во училиштето каде учи имало заканувачки дојави и од страна на наставниците е дадена таква насока. Добивме известувања од неколку училишта дека утрово имало прекин во функционирањето, односно користењето на Teams, но по кратко време учениците се приклучиле со своите кориснички сметки.

Инаку, минатата недела МОН даде препорака во деновите во кои има заканувачки дојави, училиштата да организираат онлајн настава, велат од Министерството.

На социјалните мрежи има остри реакции по најавата за онлајн настава. Родителите сметаат дека таа е нефункионална.

Адвокатот Јанаки Митровски преку Фејсбук статус посочи дека нема да дозволи неговите деца да посетуваат онлајн настава.

– Да бидеме кристално јасни-моите деца нема да учат онлајн ни под разно!!!!

Ќе си седат дома, ќе ги подучува сопругата колку знае и умее. Онлајн авантурата се покажа непродуктивна и штетна.

Тоа што сте неспособни нема децата да плаќаат. – напиша Митровски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тринаесетгодишник испратил 380 лажни закани за бомби…

Француските агенции за спроведување на законот во…

Конечно – Се воведуваат стручна матура и…

Владата, на денешната седница, утврди текст на…

Партијата ГРОМ бара докази дали пратеникот од…

Политичката партија ГРОМ денеска преку својата потпретседателка…

МОН: Со дигитализација на образованието, вложуваме во…

Подобрување на квалитетот на наставата, стекнување на…

Дојави за бомби во училишта во Белград

Утрово нови анонимни извештаи за поставени бомби…