Ќе остане ли главниот град без греење?! – Скопје Север ја прекина испораката на парно
Топланата Север од денеска ја стопираше испораката на топлинска енергија за своите корисници. Како што инфомираа од компанијата немаат ниту пари за гас, ниту пак помош од државата.
И покрај направените напори и преговори од страна на овластените лица од Друштвото Скопје Север АД Скопје сеуште не е обезбедена финансиската поддршка од АД Електрани на Македонија во државна сопственост, со што се доведува во прашање понатамошното работење на Топланата Скопје Север АД Скопје.
Од тие причини, односно без обезбедена финансиска помош од надлежните органи и институции за набавка на природен гас друштвото Скопје Север АД Скопје сметано од 13.11.2022 година ќе прекине со испораката на топлинска енергија до корисниците на подрачјето на Општина Чаир и Бутел, информираа од Скопје Север.
Услугите на оваа топлана ги користат 500 домови, 13 училишта, градинките и здравствените домови во Чаир, Бутал и Топана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ахмети: Македонските, албанските и српските криминалци соработуваат,…
Криминалот не познава етнички граници, додека политичарите…
ПРЕКИН НА КЛУЧЕН ПОДМОРСКИ ИНТЕРНЕТ-КАБЕЛ: Пакистан се…
Сериозни нарушувања во интернет-комуникациите се пријавени во…
Се запалиле бандери за електрична енергија во…
Скопските пожарникари вечерва имале полни раце работа.…
Горело патничко возило, ЦУК се огласи за…
Пожар избувнал вечерва во подземниот паркинг на…
ГОЛЕМ ПРЕКИН НА ИНТЕРНЕТОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Проблеми…
Голем прекин на интернет-услугите вечерва, 18 ноември,…