Ќе платат дебело: Над 2,5 милиони денари казни за непочитување на замрзнатите цени
Од донесувањето на првата Одлука – за ограничување на маржата од пет до десет отсто до сега се извршени над 1 800 надзори и издадени се над 20 прекршочни платни налози во вредност од 2,5 милиони денари, соопшти директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски.
Како што рече Трајковски денеска на прес-конференција, ДПИ неселективно постапува по сите владини одлуки.
-И натаму ќе работиме со полн капацитет и сите инспектори ќе бидат на терен. Никој не е над законот, тоа ќе биде така додека сум јас директор на Инспекторатот. Секој што прекршил одлука или закон ќе биде санкциониран, а казните се високи, од 800 – 10 000 евра зависно од големината на субјектите, истакна Трајковски.
Тој се обрати откако претходно министерот за економија Крешник Бектшеи соопшти дека од 5 април се замрзнуваат цените на 11 видови овошје и зеленчук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…
Уапсен 36-годишник од Гевгелија, ја следел и…
Полицијата уапсила 36-годишен жител на Гевгелија по…
Одржан 51 „Марш за ангелите“ во Кочани:…
Во Кочани денеска, 14 ноември 2026 година,…