Ќе платите 383.000 ЕВРА за кампања: Владата ќе ве учи кои се придобивките од членството во ЕУ

t

Граѓаните повторно ќе плаќаат за „спроведување на кампања од јавен интерес“ и тоа 383.000 евра или 23,3 милиони денари.

Јавната набавка е спроведена од генералниот секретаријат на Владата и е во времетраење од 12 месеци.

Владата на Република Северна Македонија спроведува медиумска кампања од јавен интерес која ќе ги опфати придобивките од евроинтеграцискиот процес и членството во ЕУ за граѓаните на Северна Македонија, преку повеќе канали на комуникација со кои ќе се обезбеди подобра информираност на граѓаните на оваа тема, стои во техничката спецификација.

Промотивната кампања има за цел:

  • ДА КРЕИРА СВЕСНОСТ за придобивките од евроинтеграцискиот процес и членството во ЕУ за граѓаните на Северна Македонија
  • ДА ЈА ИНФОРМИРА јавноста преку структурирани, лесно разбирливи информации за конкретните придобивки од евроинтеграцискиот процес и членството во ЕУ за граѓаните на Северна Македонија
  • ДА ОВОЗМОЖИ подобро разбирање на реформите врзани со евроинтеграциите и приближување на европските вредности (почитувањето на човековите права и достоинство, слободата, демократијата, еднаквоста и владеењето на правото) до граѓаните
  • ДА ЈА ПОТВРДИ И ЗАЈАКНЕ посветеноста на Владата на Република Северна Македонија на европскиот пат и остварување на стратешката цел полноправно членство во ЕУ и да придонесе кон поширока поддршка на процесот на европеизација на општеството

Во тендерската документација, покрај останатите услови, во делот на техничка или професионална способност на економскиот оператор се бара да има реализирано најмалку 2 (два) договори, исти или слични со предметот на јавната набавка, во последните 3 години.

Осмислување и продукција на една видео анимација чини 202.000 денари, ПР стратегијата чини 3.2 милиони денари.

Сите цени во продолжение:

Договорот е потпишан од страна на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…

Македонски јазик и култура постојат и тие…

(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…

Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…

Велика Британија во разговори со ЕУ за…

Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…

Зеленски: Разговорите со ЕУ за финансирањето на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…