„Ќе продолжат да тонат“: Мицкоски за убедливата предност пред опозицијата

t

Премиерот Христијан Мицкоски ги коментираше резултатите од најновата анкета на „Маркет вижн“, според која ВМРО-ДПМНЕ има значителна предност пред СДСМ, оценувајќи дека резултатите се „лоша вест“ за опозицијата.

Анкетата, спроведена за МКД.мк од 11 до 27 септември на примерок од 1.200 испитаници, покажува поддршка од 19,3 отсто за ВМРО-ДПМНЕ и 5,6 отсто за СДСМ.

„Тоа е лоша вест за оние кои што одлучија да водат политика со лаги, со клевети, со измислици, со навреди и така натаму. И така и ќе биде“, изјави Мицкоски.

Според него, граѓаните се свесни за, како што рече, „перформансите на денешната опозиција“, која ја критикува дека не нуди конкретни решенија.

„Тие ќе продолжат да тонат затоа што граѓаните се свесни за перформансите на денешната наша опозиција и оние коишто од страна седат и само клеветат, без притоа било што да понудат“, рече премиерот.

Мицкоски повторно упати критики и кон претходната власт, оценувајќи дека по седум години управување со државата, на опозицијата ѝ останале само „измислици, клевети и лаги“.

„Тие ќе продолжат да тонат сè до конечно дефакторизирање од политичката сцена“, порача Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Срби им ги пишуваат соопштенијата на…

Нов гаф во соопштенијата на опозициската СДСМ,…

ФТ: САУДИСКА АРАБИЈА, ОАЕ, КАТАР И ТУРЦИЈА…

Лидерите на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати,…

Јутјуберот Богдан Илиќ ќе добие кривична –…

Според Кривичниот законик на Србија, на Богдан…

Лајен: Неопходен е прекин на огнот во…

Прекин на огнот во Украина е од…

ЕВН Хоум го објави новиот тендер за…

ЕВН го распиша новиот тендер за набавка…