ЌЕ СЕ ЗАБРАНИ ЛИ ТИКТОК ВО УЧИЛИШТАТА во Македонија, МОН разгледува и таква опција

t

По несреќните настани во Србија, во Македонија се приклучи алармот и се покрена темата за забрана на социјалната мрежа ТикТок.

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, денеска рече дека продолжуваат состаноците за ограничувањето на користењето на социјалната мрежа Тик – Ток во основните и средните училишта.

„Денеска ќе продолжиме со состаноците со институциите кои треба да проценат какви содржини има и како се употребува Тик-Ток. Ако во институциите за безбедност се потврди , како што знаеме, некои од видеата кои беа разгледувани од МВР, како лош материјал заедно со Министерството з а информатичко општество и Агенцијата за електронски комуникации и другите институциуи во делот на доменот на функционирање на Тик-Ток, ќе ги разгледаме сите можности во начинот на неговата употреба како апликација“, рече министерот пред медиумите.

Тој додаде дека ќе се анализира и начинот на користење на другите алатки и социјални мрежи, односно како да има конкретни ограничувања во начинот на нивно отворање, потврда на податоците, внесување на некои податоци итн. За тоа ќе биде разговарано со психолози, педагоцзи, стручни лица од Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика и со луѓе од образовните сектори на општините.

„После овие мерки, ќе имаме и конкретен протокол на мерки на крајот на учебната година која завршува, а од септември ќе има повеќе протоколи, повеќе прирачници. Ќе го разгледаме и постоечкото упатство за училиштата, воспитната програма, работата на центрите за социјална работа итн“, рече Шаќири.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…

Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…

Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…

Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…

Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…

Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…

Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…

Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…

Големо признание за Тамара Котевска – гран…

Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…