Ќе се затвораат границите?! Цариниците на предупредувачки протест в петок, најавуваат и можно затворање на границите
И вработените во Царина в петок напладне на протест. Синдикатите најавија дека на предупредувачкиот протест ќе бараат повисоки плати за 30%.
Во спротивно, како што предупредија ќе ги радикализираат протестите и со затворање на граничните премини. Тврдат дека во оваа институција платите со години не им се зголемуваат, а не го добиваат ниту додатокот на плата од 30%, кој им е впишан во колективниот договор.
„Вработените во Царинска управа веќе со години наназад иако имаат право со закон и колективен договор дека треба да им се исплаќа додаток на плата од 30% тој додаток никогаш не го добиваат. Видовме дека министерот за финансии со измени за закон за буџети си обезбеди 305 покачување на плата во министерството за финансии. Доколку не не сослушаат можам да кажам дека протестите како предупредување ќе се радикализираат, ќе размислуваме за затворање на гранични премини.“ Трпе Деаноски, УПОЗ.
Првиот финансиер Бесими не прецизираше дали оваа година вработените ќе добијат повисоки плати, но остана на ставот – Додека не се донесе новата методологија за раст на платите во целиот јавен сектор, ниедна институција не може да очекува поединечно зголемување на платите.
„Еден од индикаторите беше дискутирано дали минималната или просечната плата, тоа прашање го разговараме и ќе важи за сите вработени во јавниот сектор. Исто така, ќе треба одреден транзициски период да се внесе во буџетот, бидејќи од друга страна она што е клучно е дека граѓаните и стопанството бараат ефикасна јавна админинстрација и ние сметаме дека ова што го правиме е во таа насока.“ Фатмир Бесими, министер за финансии.
Новоназначениот директор на Царина, екс градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, во телефонски разговор ни посочи дека со став ќе се произнесе утре, кога официјално и ја презема функцијата.
Од синдикатот на УЈП пак, кои вчера излегоа на протест пред финансии уште еднаш го повикаа Бесими да го исполни договореното, во спротивно ќе влезат во генерален штрајк, а според нив тоа ќе значи колапс за државата.
Инаку револтот кај вработените во УЈП и Царина следи откако, Бесими ги зголеми за 30% платите само во неговото министерство, а не и во тие институции кои исто се под капа на финансии.
Според понудената методологија за раст на платите во јавниот сектор од финансии, прифатено е просечната плата да биде основица за пресметка на платите, но тоа да важи од 2028та година. Синдикатите веќе се изјаснија дека оваа понуда е неприфатлива.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАТО ГО ОТКАЖА САМИТОТ ВО ТИРАНА: Рама…
НАТО се откажа од одржувањето на самитот…
Илон Маск на удар на демократите, почнуваат…
Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким…
Одржан координативен состанок во Тетово за превенција…
Во просториите на Општина Тетово се одржа…
ПРИЈАВЕНИ ПРОБЛЕМИ СО GOOGLE, AMAZON И MICROSOFT:…
Пријавени се проблеми во работењето на услугите…
Израел ќе се приклучи на нападите врз…
Израелската армија проценила дека во моментов нема…