Ќе се затворат ковид центрите на интерните клиники, можно е укинување на дел од рестрикциите

t

Состојбата со ковид пандемијата во земјава се подобрува драстично и тоа е евидентно од релаксираниот наплив на хоспитализации во ковид центрите и фактот што има намалување на бројот на дијагностицирани случаи, брифираат извори од Комисијата за заштита на населението од заразни болести.

Поради ова, додаваат тие, ќе следува и затворање на неколку ковид центри на интерните клиники во комплексот клиники „Мајка Тереза“, а меѓу првите најверојатно ќе биде оној на Клиниката за кардиологија. Доколку состојбата и понатаму продолжи да биде стабилна, не се исклучува можноста да се изземат некои од постојните рестриктивни мерки, но за ова дополнително ќе се дискутира на состанокот на Комисијата кој најверојатно ќе се одржи во среда наместо во вторник, поради професионални обврски на дел од членовите.

Во последната статистика на Институтот за јавно здравје, од направени 2.560 тестови, регистрирани се 378 нови случаи на ковид 19 од кои најголемиот број во Скопје, каде има 178. Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 58 реинфекции. Оздравеле 432 пациенти, а за 24 часа починале седуммина на возраст од 63 до 90 години. Кај сите седум починати регистрирани се коморбидитети. Бројот на активни случаи во државата изнесува 4172.
Пишува: Мирослава Бурнс за С.Б.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…