Ќе се изведуваат докази во новото судење за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
Во судницата во „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со изведување на докази од одбраната.
На минатото рочиште сведочеше вештото лице и технички советник од областа на градежништвото Петре Русевски, предложен од првообвинетиот Дејан Јованов, сопственик на дискотеката, кој изјави дека закупецот на просторот не презел градежни активности што би можеле да се квалификуваат како реконструкција на објектот, туку извршил градежно-занаетчиски зафати и ентериерно уредување за потребите на дејноста.
На оваа изјава реагираа родителите на загинатите нарекувајќи го првообвинетиот дека е убиец, по што судот побара дел од родителите да ја напуштат судницата.
Претходно заврши изведувањето на доказите на Јавното обвинителство. Изведени беа 1.390 материјални докази и сослушани 45 сведоци и пет вешти лица. Одбраната, како што е најавено, има предложено 244 сведоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…
Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…
Мерц се закани дека ќе го блокира…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…
Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…
Русија и Украина со добра волја пристапуваат…
Експлозија во турска челичарница: Загинаа 16 луѓе,…
Најмалку 16 лица загинаа, а 13 се…
Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…
Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…