Ќе се истражуваат причините за падот на авионот во Мавровско езеро

t

Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти (КИНСИВ) започна постапка за утврдување на причините за вчерашниот пад на малиот спортски авион во Мавровското Езеро.

Претседателот на комитетот, Марјан Прпоски, за МИА потврди дека членовите на екипажот не се во животна опасност.

Според првичните информации, КИНСИВ околу 12:30 часот добил пријава дека спортски воздухоплов од типот „Пајпер 28“ принудно слетал во езерото поради засега непознати причини.

„Тимот на КИНСИВ веднаш излезе на терен и ја започна истрагата. Воздухопловот е во приватна сопственост, со американски регистарски ознаки, а посадата не е во животна опасност“, изјави Прпоски, додавајќи дека во наредните денови се очекуваат дополнителни информации од истрагата.

Комитетот ќе ги истражи техничките, оперативните и околностите поврзани со летот со цел да се утврди точната причина за инцидентот.

Претходно, од СВР Тетово истакнаа дека во разговор со полицијата, пилотот изјавил дека бил принуден да слета во езерото поради проблем со моторот на авионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Авион полн со патници нагло се спуштил…

Пет лица се повредени откако патнички авион…

Аларм за бомба врати „Боинг“ назад во…

Патнички авион на лет од САД кон…

(Видео) Патник го снимил моментот кога авионот…

На социјалните мрежи се појави нова снимка…

Вонредно слетување на авион: Патник гризна член…

Австралиската авиокомпанија „Квантас“ беше принудена да го…

(Видео) Авион се излизга од пистата во…

Авион со 132 патници на аеродромот во…