Ќе се обновува списокот со лектири за основците, МОН повикува на јавна дискусија
Министерството за образование и наука (МОН) и Бирото за развој на образованието (БРО) организираат јавна дискусија за новиот предлог-лектирен список за основното образование и упатуваат покана до сите заинтересирани страни: наставници, стручни служби и други чинители во образованието, активно да се вклучат во дефинирањето на современ, инклузивен и квалитетен лектирен список кој ќе одговара на реалните потреби на учениците и наставниот процес.
МОН на својата веб-страница го објави предлог-списокот, истакнувајќи дека ажурирањето произлегува од потребата за постојано усогласување на наставните содржини со современите образовни цели и развојните карактеристики на учениците.
Новиот предлог е изработен врз основа на списокот што се реализира од учебната 2019/2020 година. Одредени наслови се отстранети поради ниска читаност или несоодветност на возраст, а некои дела се преместени или добиле нов статус, од задолжителни станале изборни и обратно.
Во списокот се вклучени дела што обработуваат современи теми како идентитет и самодоверба, пријателства, училишен живот и булинг, емоционални предизвици, културна разноликост и инклузија на деца со посебни образовни потреби. Целта е учениците да читаат содржини блиски на нивната реалност, но и доволно слоевити за анализа и критичко размислување.
Предлог-списокот е отворен за предлози за сите одделенија од второ до деветто, со можност за вклучување на дела од националните литератури на сите наставни јазици. Секое избрано дело ќе биде преведено на сите службени наставни јазици во Македонија.
Предлозите за нови книги може да се достават преку формуларот објавен на веб-страницата на МОН, најдоцна до 30 ноември, на е-адресата [email protected].
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Нови судири со полицијата на шестиот…
Протестите во главниот град на Албанија, Тирана,…
Трамп не исклучува вонредни мерки пред изборите:…
Американскиот претседател Доналд Трамп одби да ја…
„Албанија што гори е Албанија на сите…
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изрази длабока…
Излезеноста во Брвеница до 17 часот 39,34…
Гласањето на предвремените избори за градоначалник на…
Зеленски: Русија го нападна украинскиот енергетски сектор…
Русија го нападна украинскиот енергетски сектор и…