ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОВЕЌЕ ЗА ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ: Досега чинеше 40 денари – еве колку ќе се плаќа отсега!

t

Од почетокот на следната година, граѓаните ќе издвојуваат поголема сума за дел од здравствените услуги, најави директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски, на денешната средба со медиумите.

Тој појасни дека по повеќе од една деценија одложување, Фондот донел одлука за корекција на референтните цени за основниот специјалистички пакет, како и за интернистичкиот пакет, и тоа и во јавните и во приватните здравствени установи. Како резултат на ова, здравствената услуга за која досега се плаќала пониска партиципација, од 1 јануари ќе има зголемена цена.

Клековски нагласи дека станува збор за симболично зголемување на учеството на граѓаните, кое, според него, изнесува десетина денари по услуга. Притоа потенцираше дека тоа не значи дополнителен приход за здравствените установи, туку промена во начинот на пресметка и реализација на средствата.

„Установите фактурираат услуги кон Фондот, но најголем дел од нив не успеваат да реализираат ни 80 отсто од одобрениот буџет. Главната забелешка беше дека услугите се потценети и поради тоа не можат да го исполнат буџетот. Со новите цени се овозможува реално вреднување на нивната работа“, изјави Клековски.

Со новите корекции, специјалистичкиот преглед според ценовникот на ФЗО значително се зголемува, како и повеќе други здравствени услуги. Така, специјалистички преглед со земање брис ќе има повисока референтна цена, општиот ургентен пакет бележи значително поскапување, а зголемување има и кај дијагностичките услуги, како што е ехото на еден орган.

Од Фондот објаснуваат дека овие измени имаат за цел подобра валоризација на здравствените услуги, стабилизација на финансиското работење на установите и поефикасно користење на здравствениот буџет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рокас: Годинашниот извештај е подобар од претходниот,…

Евроамбасадорот Михалис Рокас оцени дека Македонија во…

Последен пат го направи ова денот кога…

Руското Министерство за надворешни работи повторно им…

Остар пад на Волстрит: Се избриша постизборниот…

Американските берзи забележаа силен пад во четвртокот,…

Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари работна средба со амбасадорите…

Барнам: Путин нема да биде поканет на…

Британскиот премиер Енди Барнам изјави дека рускиот…