Ќе се расипат добрите односи? Турска компанија ќе ѝ подари на Украина три беспилотни летала Бајрактар
Турската компанија „Бајкар Макина“ објави дека има намера бесплатно да и донира на Украина три беспилотни летала Bayraktar TB2 (UAV).
„Бизнисмените и обичните луѓе придонесоа средства – мали и големи – за да се постигне оваа цел во текот на неколку дена. Бајкар нема да прифати плаќање за TB2 и бесплатно ќе испрати три UAV-а на украинскиот фронт“, објави компанијата на Твитер.
Минатата недела, шефот на одделот за одбранбена индустрија на администрацијата на турскиот претседател, Исмаил Демир, рече дека земјата е повнимателна во однос на испораката на оружје за Украина. На прашањето дали Турција продолжува да ја снабдува Украина со оружје, особено со беспилотни летала Bayraktar TB-2, Демир рече дека „нешто се случува“. Украинските и турските власти одбија да коментираат за понатамошната испорака на беспилотни летала Bayraktar TB-2.
Русија претходно испрати нота до сите земји поради испорака на оружје за Украина. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека секој товар што содржи оружје за Украина ќе стане легитимна цел за Русија. Министерството за надворешни работи на Руската Федерација соопшти дека земјите од НАТО „играат со оган“ со тоа што и доставуваат оружје на Украина. Прес секретарот на претседателот на Руската Федерација Дмитриј Песков истакна дека пумпањето на Украина со оружје од Запад не придонесува за успехот на руско-украинските преговори и ќе има негативен ефект.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп ја зазема страната на Русија против…
Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…
Зголемен број на случаи на мали сипаници…
Од почетокот на оваа година во Турција…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
Кличко: Украина никогаш нема да се предаде
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…