Ќе се реализира уште еден мега-проект на Арсовска: Мега-паркот во Чаир ќе се простира на површина од 30.000 метри квадратни
Мега паркот во Чаир кој ќе се протега на просторот на ул.Македонско Косовска Бригада од крстосницата со Втора Македонска бригада до крстосницата со Џон Кенеди на површина од 30.000 метри квадратни, ќе има 500 нови дрвја и садници, нова хидрантска мрежа и тревник, 2 нови спортски игралишта, 2 нови детски игралишта, 2 паркови површини за миленици, информира градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Дополнително предвидено е изведба на фитнес дел, 26 нови летниковци, нови урбана опрема, пешачки патеки и фонтани, со што паркот ќе биде место кое ќе придонесе за подобар квалитет на животот, животната средина и ќе биде катче во кое жителите ќе имаат содржини за прошетка и рекреација во слободното време.


Посветено работиме, постепено го исполнуваме ветувањето за 5 нови мега паркови, површини и дополнителни содржини, како една од бројните мерки кои меѓусебно се надополнуваат, Скопје да го решава долгорочно предизвикот со загадувањето. Со новите паркови кои се предвидени и во Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода и мега паркот кој е во завршна фаза во Ѓорче Петров, активно работиме на реализација на ветеното за 5 мега паркови и нови зелени површини и садници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Клековски: Прободениот 13-годишник сѐ уште е во…
Тринаесетгодишното дете кое беше прободено со нож…
Определен притвор за едно лице за претепаниот…
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен…
Тошковски: обезбедени се пет лица за инцидентот…
Сите учесници во инцидентот во скопската населба…
13-ГОДИШНО ДЕТЕ СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ –…
Тринаесетгодишно дете се бори за живот откако…
Од 1.670 евра до над 2.150 евра…
Пазарот на недвижности во Европа продолжува да…