Објавено на:

Ќе се третира приоритетно: Договорот со Фронтекс би требало да биде финализиран до крајот на годината

t

Во Европската Комисија и во Советот на ЕУ објаснуваат дека по компромисот со Бугарија, деблокирањето на договорот за Фронтекс со Македонија ќе се третира приоритетно.

Македонија, овој договор со ЕУ го иницираше во 2018, но во меѓувреме Фронтекс (т.е. Европската гранична и крајбрежна агенција која ги “чува“ границите на ЕУ„) претрпе повеќе законски и правни измени, кои мораат сега да бидат предмет на повторни преговори во ЕУ за да се актуелизира договорот со Македонија за да биде во согласност со моделот кој важи за сите земји учеснички.

Процедурата се води согласно членот 218 на Повелбата на ЕУ.

Главните измени кои треба да се внесат во договорот се однесуваат, меѓу другото, на дозволата за распоредување на агенцијата во земји кои не се членки на ЕУ, надзор врз шверц на мигранти, засилена заштита и мониторинг на основните човекови права, посебно откако оваа агенција беше предмет на повеќе скандали поврзани за односот на нејзините гранични офицери кон бегалците и мигрантите на надворешните граници на ЕУ.

Овој нов модел на Фронтекс треба да биде интегриран во актуелизираниот договор со Македонија, за што е потребно Европската Комисија прво да препорача почеток на преговори, а Советот на ЕУ (земјите членки) да дадат зелено светло за тие преговори.

Се очекува, Европската Комисија доста брзо да ја издаде препораката и Советот да даде зелено светло за преговори. Изворите на МИА во Комисијата и Советот не сакаат да шпекулираат со датуми, но се надеваат дека меѓу оваа есен и крајот на годината договорот би бил финализиран, а потоа и ратификуван.

За потсетување, договорот за Фронтекс до сега беше блокиран поради одбивањето на Бугарија да ги прифати зборовите “македонски јазик“ во текстот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…