Ќе се утврдува улогата на мајката по смртта на две годишното девојче од Кичево

t

Случајот во кој кичевец е осомничен дека до смрт ја претепал својата две годишна ќерка ја потресе Македонија.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски денеска информираше дека вчера попладне на улицата „Маршал Тито“ во Кичево бил уапсен таткото Ф.Д.(30).

-Тој се сомничи дека на 18.12.2023 година во семејниот дом во Кичево и нанел тешки телесни повреди на неговата двегодишна ќерка, која била пренесена за укажување лекарска помош во Општата болница во Кичево, а потоа во Клиничкиот центар во Скопје каде на 08.01.2024 година починала, информираше Димовски.

Таткото бил уапсен откако полицијата го добила извештајот од обдукцијата на малото дете. Какви повреди имало девојчето и што точно утврдиле од судска медицина засега не е познато.

Низ кичевската чаршија се зборува дека семејството било дисфункционално, а детето живеело во нездрава средина во која претходно се случувало семејно насилство.

Полициски извори за Курир откриваат дека истрагата за случајот не е завршена. Според неофицијални информации ќе се истражува и улогата на мајката во целиот случај.

Осомничениот татко денеска треба да даде исказ и пред јавен обвинител. Од Обвинителството со повеќе информации ќе излезат во текот на денот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп го номинира Михаил Богачек за нов…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го номинираше…

Флора Кадриу е нова претседателка на Комисијата…

Флора Кадриу е избрана за нова претседателка…

Протече вознемирувачко видео од смртта на претепаниот…

На социјалните мрежи се појави целосната снимка…

Пронајдени наркотични материи и вага во возило…

Различни видови сомнителни наркотични материи биле пронајдени…

„Киев Пост“: Украина го одбила американскиот план…

Украина го отфрли американскиот предлог за прекројување…