Ќе си ги намалат платите: Вицепремиерот Битиќи сега вели дека до крајот на годината ќе има решение за функционерските плати
По повеќе од два месеци откако се даваат изјави дека законското решение за намалување на функционерските плати само што не е готово, сега вицепремиерот Фатмир Битиќи вели дека до крајот на идната недела или до крајот на идната година работната група ќе го подготви законскиот предлог. Платите на функционерите од март годинава се зголемени за 78 проценти што предизвика револт кај повеќе структури на вработени и кај пензионерите кои протестираат со барање за повисоки пензии.
„Идната недела или најдоцна до крајот на годината ќе биде готово законското решение со кое Владата предлага да нема зголемување на функционерските плати во март и ќе биде доставено до Собранието“, рече Битиќи.
Потоа, како што објасни, тоа ќе биде поднесено пред пратениците од кои барем 61 ќе треба да се одважи и да гласа за да биде донесен законот.
„Кажав дека строго стојам на ставот дека не треба да има ново зголемување на функционерските плати од март според методологијата и тоа е најмалку што може да биде направено. И сметам дека тоа не треба да е прашање на разговор со ниту еден друг чинител“, рече Битиќи.
Тој потсети дека станува збор за 1.260 функционерски плати – на судии, обвинители, градоначалници, 120 пратеници, 20 министри, директори…
„Сите треба да се согласат дека сакаат нивните плати да бидат намалени, а гледате дека во суштина во нашето оптество тешко се доаѓа до консензус за уште побитни прашања, а камоли да им земете нешто од буџетот“, изјави Битиќи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Да не правеше СДСМ егзибиции уставните…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува следната година Македонија…
Славески за клиентите на Алта банка: Повисок…
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, најави…
ИРАН СЕ ЗАКАНУВА СО РАКЕТНИ НАПАДИ ВРЗ…
Иран упати сериозни закани за ракетни напади…
Трамп по дебаклот: Немате поим колку се…
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја доведе…
Кличко ги повика жителите на Киев да…
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ги повика…