„Ќе те убиеме ако не ни дадеш пари“: Филмско разбојништво во Велес, две лица во притвор!

t

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца велешани за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво според член 237 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Осомничените, на возраст од 26 и 32 години, на 23 декември наутро, со заштитни маски на лицето, заедно влегле во спортска обложувалница. На вработената на сила од раката и го оттргнале мобилниот телефон и го одзеле. Побарале од неа пари со закана дека ќе ја убијат.

Почнале да пребаруваат низ обложувалницата, па пронашле и одзеле 12 ваучери за исплата од слот машини во вредност од вкупно 13.219 денари, како и сите ситни монети што ги пронашле во фиоките.

По предлог на јавниот обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд во Велес определи мерка притвор во траење од 30 дена за двајцата осомничени, ценејќи дека постои опасност од бегство и можност да го повторат делото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка…

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…

Путин: Сите предлози за мир во Украина…

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва…

Вашингтон сè уште расправа за дизелот: Трамп…

Можноста САД да го ограничат извозот на…

Саудискиот врховен муфтија до војниците: Бидете подготвени…

Саудиска Арабија доби една од најсилните јавни…

Нов бран напади врз Саудиска Арабија: Хутите…

Саудиска Арабија повторно се најде под масовен…