„ЌЕ УМРЕ АКО НЕ ЈА ЗГРИЖАТ, БЕЗДОМНАТА СКОПЈАНКА УШТЕ Е НА КЛУПАТА“: Знаат и Министертвото за труд и Центарот за социјални работи, но не прават ништо!

t

Влошено е здравјето на бездомната скопјанка која веќе три недели живее под ведро небо на клупата пред Поликлиниката Идадија, во центарот на Скопје. На 48-годишната жена храна и ќебиња и носат хуманите луѓе, но институциите кои се најодговорни за ваквите случаи, сè уште не преземаат никакви активности.

Извори на Фактор откриваат дека жената пред извесно време е отпуштена од Психијатриската болница и оттогаш е практично на улица.

– Најверојатно била во далеку подобра здравствена сотојба кога е отпуштена, но ова лице сега е во крајно тешка положба. Има и сериозни здравствени проблеми и секако социјални проблеми за кои надлежности имаат повеќе институции во земјава. Служби на Центарот за социјална работа излегоа на терен, извршен е разговор, известено е Министерството за труд и социјална политика, но тука завршува сè. Понатаму не се преземени никакви процесни дејствија и активности за згрижување на бездомно лице кое е во влошена здравствено-психичка состојба. Она што е клучно во сето ова, во извештајот не е нотирано дека станува збор за психички случај, на кого му е потребно итно згрижување, велат изворите на Фактор.

Тоа што посебно загрижува, како што вели нашиот соговорник, е дека се најавуваат температури под нулата и дека нашата сограѓанка не е во состојба да го издржи студот.

-Ќе умре ако некоја од институциите веднаш, најитно не преземат сериозни мерки за да ја згрижат оваа жена. Алармантно е што нема никаква меѓуинституционална соработка. Освен Министерството за труд и социјална политика и Центарот за социјална работа, за кои, како што реков се целосно информирани за овој случај, мерки треба да преземат и Министерството за здравство, како и Министерството за внатрешни работи, брифира изворот на Фактор.

Инаку, оваа наша сограѓанка е дете без родители. Уште како бебе била оставена во домот за доенчиња во Битола, потоа во Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје. Како возрасна, бидејќи е бездомно лице, подолг период живеела во Домот за бездомници во Чичино село, сосема сама во барака без струја.

-Тие бараки се целосно пропаднати, ако се за бездомни лица, тоа не значи дека не треба да имаат достоинствен живот. Таму нема основни услови за живот. Нашите институции тоа го знаат, но очигледно ова не е приоритет, а важиме за социјална држава. Кој би рекол?

Извор: faktor.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови руски напади ги нарушија интернет и…

Продолжуваат целенасочените руски напади врз клучните точки…

Швајцарците одлучуваат дали ќе останат неутрални

Швајцарските граѓани на референдум ќе одлучат дали…

ВМРО-ДПМНЕ: „На Филипче ништо не му чини…

Венко не може да ги обвинува сите…

Петровска: Нема да чекаме повик. ќе доставиме…

Една изборна единица и отворени листи е…

Сиљановска Давкова ја одликуваше светската научничка по…

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска на…