Ќе “јаде” ли и Србија вето од Бугарија? Српски пратеници бараат Софија да ги врати моштите на Стефан Урош II Милутин
Пратениците на српската парламентарна коалиција НАДА побарале од српското Министерство за култура да испрати официјално барање до Бугарија да дозволи враќање во Србија на смртните останки на кралот Милутин, пишува весникот „Данас“.
Моштите на свети Стефан Урош II Милутин се чуваат во престолнината црква „Света Недела“. Поради моштите на Милутин, црквата во Софија била наречена „Свети Цар“ во 19 и во првите децении на 20 век.
По неговата смрт на 29 октомври 1321 година, Стефан Милутин бил прогласен за светец од Православната црква. Погребан е во манастирот Банска. За време на османлиската инвазија, неговите мошти биле транспортирани неколку пати, стигнувајќи до Софија во 1460 година.
Во 2006 година, Српската православна црква положи право на моштите на Стефан Милутин. Претседателот на Србија, Томислав Николиќ, при официјалната посета на Софија на 19 септември 2013 година, доби само парче од наметката на кралот-светец.
Сега српските пратеници бараат моштите на кралот да се земат од Софија и да се преселат на Косово, во Грачаница за да му „докажат на целиот свет чие е Косово и Метохија“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради…
Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ)…
ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ВИСОКИ ПОЛИЦИСКИ ФУНКЦИОНЕРИ ВО…
Вишиот суд во Белград им одреди притвор…
Јотова победи кај Бугарите во Македонија
Сега веќе новата бугарска претседателка Илијана Јотова…
Газдата на „Алта банка“ е приведен во…
Во Србија ноќеска е приведен Давор Мацура,…
Над 56.000 Бугари гласале „за никого“ на…
Илијана Јотова оствари убедлива предност пред Андреј…