Ќе ја заобиколи Македонија: Од понеделник Каја Калас во прва посета на Западен Балкан

t

Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Каја Калас, од 7 до 9 април ќе биде во прва посета на Западен Балкан, кога ќе биде во Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина.

Во Црна Гора, Калас ќе се сретне со претседателот Јаков Милатовиќ и премиерот Милојко Спајиќ, соопштија од Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

Најавена е средба со претставници на граѓански организации и учество на преглед на опремата финансирана од Европскиот мировен инструмент заедно со министерот за одбрана на Црна Гора Драган Краповиќ.

Калас во Албанија ќе се сретне со претседателот Бајрам Бегај и премиерот Еди Рама со кои ќе одржи заедничка прес-конференција.

Високата претставничка Калас ќе се сретне и со министерот за Европа и надворешни работи Игли Хасани и министерот за одбрана Пиро Венгу, со кои официјално ќе го отвори првиот дијалог за безбедност и одбрана меѓу ЕУ и Албанија.

Таа ќе присуствува и на потпишувањето на договорот за грантови и заеми од Европската инвестициска банка за развој на пругата Драч-Рогожина.

Калас ќе им се обрати и на студентите и на претставниците на граѓанското општество во Албанија.

Во Босна и Херцеговина, ќе ги посети припадниците на ЕУФОР Алтеа и ќе се сретне со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина и со претседателката на Советот на министри Борјана Кришто и со министерот за надворешни работи Елмедин Конаковиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…

Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…

Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…

Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…

АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…

Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…

Иран отвори прв воен камп за обука…

Иран го отвори својот прв воен камп…