Ќулавкова: Редно е да има институционална благодарност кон РПЦ за признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА
Академик Катица Ќулавкова смета дека треба да има институционална благодарност за признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА од страна на Руската православна Црква.
– “Со децении чекавме признавање на МПЦ – ОА според каноните и во име на христијанската и историската правда на Македонците. Сега добивме не само гест, туку и официјално, безусловно широкоградо признавање на автокефалноста од страна на Руската Православна Црква. Со тоа ќе се забрза процесот на признавање од страна на другите сестрински православни цркви, а се покажа како потег од историско значење иницијалното признавање од страна на СПЦ.
Редно е да има институционална благодарност. Дипломатски и државнички гест. Како суштински, а не ефемерен, знак дека на оваа држава ѝ значи македонската христијанска, културна и национална кауза.”, напиша ЌЌулавкова на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација…
Премиерот Христијан Мицкоски не сакаше да ја…
Промени во врвот на Синодот: Владиката Петар…
Владиката Петар повеќе не е дел од…
Се собираат донации за црквата „Св. Ѓорѓија“…
На социјалните мрежи се појави апел за…
МПЦ-ОА се оградува од „Христијанско братство“ –…
Македонската православна црква – Охридска архиепископија тврди…
ЗА МНОГУ ГОДИНИ! Денес е Богојавление –…
Кога Господ Исус наврши триесет години од…