Ќучук нѐ советува да ги донесеме уставните измени: Пропуштате огромна шанса

t

Скопје пропушта огромни можности со тоа што одбива да ги спроведе неопходните реформи кои ќе му овозможат конечно да ги започне преговорите за членство во ЕУ, смета бугарскиот европратеник и известувач за Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук.

„Скопје пропушта огромен прозорец на можности кој нема да се отвори во следните неколку години. ЕУ се менува многу брзо“, вели Ќучук во изјава за Бгнес.

Нагласува дека денес политиката на проширување на ЕУ е пред се геополитичко прашање, што може многу јасно да се види на примерот на Украина, Грузија и Молдавија.

„Денес Македонија се соочува со големата дилема, која не е само политичка, туку и социјална. Дали сака да продолжи по патот на својот цивилизациски развој, реформирајќи ги сите општествени сфери, а со тоа да ги приближи своите граѓани до ЕУ или не сака да се оддалечи од местото каде што е. Мора да се реши прашањето меѓу двете најголеми политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Мојот апел отсекогаш бил можностите да не се пропуштаат, бидејќи тоа ја оддалечува Македонија од ЕУ“, истакнува Ќучик.

Според него, постои веројатност Албанија да ги почне преговарите во март или април, со што Македонија ќе остане во групата со Косово и Србија, што ќе им даде дополнителен поттик на антиевропските сили кои се против ЕУ.

Ќучук ја оцени како деструктивна улогата на Србија, која, како што наведува, преку поддршката за оружениот напад во Бањска се обидела да ја наруши кревката стабилност во регионот на Западен Балкан. Наместо да биде фактор на стабилност, вели бугарскиот европралементарец, Белград во моментов со својата политика го прави токму спротивното.

Нагласува дека патот на европеизацијата и на Србија минува низ почитување на правото на самоопределување, вклучително и на оние кои се дефинираат како Бугари.

„Презедовме иницијатива со нашите колеги европратеници да им покажеме и на српските власти и на европските институции дека има проблем во Србија и тоа се нарекува непочитување на различноста на Бугарите, но не само на Бугарите, и тоа е суверено и исконско право“, рече Ќучук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…