Ќучук предупреди дека Македонија може да заостане зад Албанија

t

Тој нагласи дека потребни се реформи, но и уставни измени. Според него, никој не поставува нови услови.

„Без промена на Уставот, Република Македонија навистина не може да почне да преговара со ЕУ“, вели бугарскиот европратеник во интервју за БГНЕС.

Тој предупреди дека ако земјава не ги направи овие промени во блиска иднина, ќе се одвои од Албанија на патот кон ЕУ. Македонија ќе остане во иста група со Србија, Косово, Босна и Херцеговина – земји со сериозни проблеми со своите соседи.

„Од друга страна, тука е и геополитичкиот предизвик, заедно со тоа и можноста Украина да почне да преговара со ЕУ, таа е земја која доби статус на кандидат за членка. Односно, изборот е многу јасен – дали Република Македонија сака да продолжи по својот пат, со реформирање на општествено-социјалните односи, или ќе се приклучи на друга група која нема јасен патоказ во ЕУ“, рече Ќучук.

Вели дека одлуката е во рацете на македонските политичари. Maкедонија треба да направи уставни измени, но неизвесно е дали ќе има двотретинско мнозинство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Савески до пратениците: Во овој момент не…

Државниот јавен обвинител Ненад Савески, кој беше…

Мицкоски: Цените на енергенсите во Европа се…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју…

Москва предлага пакт со НАТО

Русија би можела да склучи пактови за…

Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе…

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска…

Мицкоски: Документ од 2023 година потврдува дека…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Тема…