Објавено на:

Ќучук се демантираше себеси: Ветото еднаш им штети, еднаш не им штети на бугарските позиции во Унијата – Македонија прво да ги признае правата на Бугарите па може да се размисли за деблокада

t

Бугарскиот европратеник Илхан Ќучук се демантира себеси во неколку денови. Најпрво Ќучук изјави дека притисокот од Унијата врз Бухарија е легитимен бидејќи ЕУ ја сака Македонија за земја членка и дека тоа ќе штети на бугарските позиции во Унијата.

Но денеска европратеникот излезе со сосема различна изјава, односно тој рече дека ЕУ мора да гарантира дека постои механизам за следење на човековите права и слободи, најпрво Македонија да ги признае правата на Бугарите па потоа може да се размислува за тргање на ветото.

Правата на бугарските граѓани во Македонија се главното прашање за кое мора да се најде решение пред нашиот западен сосед да влезе во Европската унија. Ова го изјави европратеникот и известувач на Европскиот парламент за Македонија Илхан Ќучук во емисијата „Брисел 1“ на Бугарија ВО ЕТЕР.

-Доколку овде се најде европско решение, самата ЕК ќе ни даде гаранции за набљудување на човековите права и слободи, би рекол дека тоа е доволна причина да се оди напред, односно да се укине ветото. ЕУ да даде гаранции, дека постои механизам за следење на човековите права и слободи, со јасни укажувања, како што се прави за другите земји и потоа да им се отвори перспективата, рече тој.

Пред само неколку дена Ќучук изјави дека притисокот на ЕУ врз Бугарија е легитимен бидејќи ЕУ нја сака Македонија како членка и земјата треба да го тргне ветото .

Неговата претходна изјава може д ја прочитате на следниот ЛИНК

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото+видео) Мицкоски на средба со бугарски мафијаш:…

QUO VADIS Мицкоски? (Или „Каде одиш Мицкоски“…

Каква трагедија: Најголемиот „борец“ за права на…

Само како трагедија може да се оквалфикува…

(Видео) Јакимовски: ЕУ да најде начин како…

Претпоследно прашање пред влез во ЕУ ќе…

УЖАС: 12-годишно момче застрела 2-годишно дете во…

Со куршум од воздушна пушка во Враца,…

Македонија и Бугарија имаат најмали цени на…

Сезоната на пролетните одмори е пред нас…