Објавено на:

Џабе го избркаа од Австралија Опен: Ѓоковиќ останува на врвот на АТП листата

t

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот, ја започна 359-та недела на врвот на АТП ранг листата, со што го продолжи маршот кон апсолутниот рекорд во сопственост на легендарната Германка Штефи Граф (377 недели на тронот).

И покрај тоа што српскиот тенисер нема одиграно официјален натпревар од почетокот на 2022 година, тој ја зголеми предноста пред својот прв придружник Данило Медведев.

Новак Ѓоквиќ е лидер со 10.875 поени, додека зад него е Русинот со 9.635 поени, а трет е Германецот Саша Зверев со 7.865 поени.

Причината што Ѓоковиќ ја внесе предноста, а не е на теренот е тоа што се уште не е направено кратење на бодовите за Австралија опен каде што Надал го однесе трофејот, а другиот беше Медведев. Тоа ќе следи на крајот на месецот.

Сега само бодови се додадени и одземени од АТП купот.

Медведев загуби 490 поени откако Русите го освоија натпреварувањето минатата година, а Новак само 140 поени.

Разликата меѓу првиот и вториот тенисер во светот моментално е 1.240 поени.

Зверев е трет, а меѓу Топ 10 тенисери се: Стефанос Циципас, Рафаел Надал, Матео Беретини, Андреј Рубљев, Каспер Руд, Феликс Огер-Алиасим, Јаник Синер.

Топ 10 тенисери

Новак Ѓоковиќ (Србија) 10.875

Данил Медведев (Русија) 9.635

Александар Зверев (Германија) 7.865

Стефанос Циципас (Грција) 7.145

Рафаел Надал (Шпанија) 6.875

Матео Беретини (Италија) 5.018

Андреј Рубљов (Русија) 4.565

Каспер Руд (Норвешка) 4.065

Феликс Огер-Алиасим (Канада) 3.818

Јаник Синер (Италија) 3.495

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓоковиќ против Синер за најголемата награда во…

Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер вечерва ќе…

Ѓоковиќ: Едвај се спасив – ме давеше…

Најдобриот тенисер на планетата, Новак Ѓоковиќ, се…

Ѓоковиќ лесно до осминафиналето на Мастерсот во…

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ вечерва го…

Српскиот патријарх ги крстеше децата на Новак…

Фотографиите на социјалните мрежи ги објави протосингелот…

Надал: Федерер го достигна највисокото ниво, но…

Тони Надал беше составен дел од огромен…