Објавено на:

Џабе инаетот: И Грција ќе плаќа во рубљи? Нема прекин на рускиот гас

t

Грција ќе му исплати на рускиот гигант „Газпром“ за снабдување со гас во „последните 10 дена од мај“, најави премиерот Киријакос Мицотакис, иако не прецизираше како ќе се изврши уплатата. Тој додаде дека можеби со ова ќе се избегнат проблемите за снабдување со гас за Грција на неодредено време.

Меѓу другото, Грција се обврзува да ѝ помогне на Бугарија преку обезбедување течен гас од терминалот Ревитуса во близина на Атина, изјави за Ројтерс претставник од грчкото министерство за енергетика. Бугарија преговара и со Грција, но и со Турција за да обезбеди гас откако вчера „Газпром“ реши да ги запре испораките за оваа земја.

Вчера попладне, Мицотакис претседаваше со итен состанок со претставници на енергетскиот сектор. По состанокот, неговата канцеларија издаде соопштение во кое се вели дека Грција не очекува никакво нарушување на снабдувањето со енергија.

Грција се потпира врз руски гас за повеќе од 30 насто од своите годишни енергетски потреби и има договор со „Газпром“ кој трае до 2026 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчкиот раст и натаму е над европскиот

Грција и натаму бележи повисок економски раст…

(Видео) Се снимал додека вози со неверојатни…

Снимка од грчки автопат привлече големо внимание…

Грција ќе ги штити своите F-35 со…

Грчките военовоздушни сили разработуваат план за заштита…

Во првите седум месеци од годинава Грција…

За 8,6 отсто се зголемил бројот на…

Пожарникар загина за време на спасувачка акција…

При операцијата за спасување и пренесување на…