Џабе мака за готвење и перење ноќе кога мрежарината ја надувува цената на струјата

t

Цената на еден киловат-час електрична енергија во ниска тарифа што ја имаме од 22 до 7 часот секој ден, а во недела во целиот ден, е 0,6193 денари, а надоместокот за пренос и дистрибуција на електрична енергија, популарно наречен „мрежарина“, за секој киловат, независно од тарифата, е 3,3742 денари.

Новите сметки за струја во која посебно е наведена цената на електричната енергија, а посебно „мрежарината“ , на површина го извади податокот дека за пренос и дистрибуција на еден киловат-час електрична енергија се плаќа 6 пати повеќе отколку што е нејзината цена во ниската тарифа. Имено, цената на еден киловат-час електрична енергија во ниска тарифа што ја имаме од 22 до 7 часот секој ден, а во недела во целиот ден, е 0,6193 денари, а надоместокот за пренос и дистрибуција на електрична енергија, популарно наречен „мрежарина“, за секој киловат, независно од тарифата е 3,3742 денари. Ова значи дека бадијала се седи по ноќе за да се пере, пегла, готви, кога мрежарината ја надувува цената. Секако, и со мрежарина ноќната цена е значително пониска од цената во блок-тарифите. Па, така, колку повеќе струја се троши ноќе, толку повеќе во крајната сметка ќе доминира мрежарината.

На една конкретна сметка ја имаме следнава ситуација: цената на потрошената струја изнесува 511,3 денари, а мрежарината е 654,2 денари. На овие износи се пресметува ДВВ од 5 проценти, а заедно со сметката за дома потрошената струја се добива и комуналната такса за осветлување, која е 184 денари. Конечниот есап е сметка од 1.420 денари.

На официјалната страница на ЕВН е објаснет новиот изглед на фактурите за струја, во кои за првпат од 1 јули одвоено се прикажуваат: цената на електричната енергија и надоместокот за пренос и дистрибуција.
„Надоместокот за користење на преносниот и дистрибутивниот систем се добива како производ од потрошената енергија и тарифата за пренос и дистрибуција, според Одлуката на Регулаторна комисија за енергетика за Електродистрибуција“, пишува во објаснувањето од ЕВН.

Регулаторната комисија, пак, тарифата ја утврдува врз основа на признати трошоци за пренос и дистрибуција на електрична енергија.

Сепак, она што сега ја алармира јавноста е како цената на производство е пониска од цената на преносот? Главниот адут во објаснувањето од надлежните е дека цената на струјата за домаќинствата е субвенционирана, што значи дека реално и нејзината цена би била повисока, па не би имало ваков сооднос меѓу мрежарината и потрошените киловат-часови.

Домашното производство на електрична енергија околу две третини се врши во РЕК Битола и производната цена што ја понуди компанијата на тендер до крајот на годинава е 48 евра за мегават-час за универзалниот снабдувач ЕВН хоум преку кој се снабдуваат со струја домаќинствата и малите потрошувачи – 72.000 компании. Цената на преносот и дистрибуцијата е за да се одржува и развива преносниот систем што го сочинуваат трафостаници и високонапонска далноводна мрежа, како и системот за дистрибуција на електрична енергија кој се надоврзува на преносниот систем, а кој исто така се состои од трафостаници, како и дистрибутивна мрежа од електрични водови, кои во зависност од големината на потрошувачите што се приклучени на неа, ја пренесуваат електричната енергија на неколку напонски нивоа.

Професорот Константин Димитров за „Слободен печат“ изјави дека за пресметка на надоместокот си има методологија утврдена од Регулаторната комисија за енергетика.

– Јас не сум член на таа комисија и не ги знам деталите од методологијата, но знам дека народот нема чувство дека е заштитен од институциите и кога станува збор за струјата – вели Димитров.

Од 1 јули почна примената на блок-тарифите за пресметка на струјата за домаќинствата, кои се поделени во четири групи, а тие што трошат повеќе струја, плаќаат поскап киловат. Првиот блок е до 210 киловат-часа и цената на струјата без мрежарината е ,4,3484 денари за киловат-час, вториот од 210 до 630 киловат-часа и цената е 4,7017 , третиот е од 630 до 1.050 киловат-часа по цена од 5,2877 денари и четвртиот блок е над 1.050 киловат-часа и струјата е по цена од 14,1025 денари за киловат-час. На овие цени се додава мрежарина од 3,3742 денари.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Американски топ дипломат го уништи Христијан…

Заменикот на државниот секретар на САД, О'Брајан…

Британците предупредија на уште една тешка зима

Сметките за енергија се очекува нагло да…

Ковачевски: ДПМНЕ го кочи европскиот пат на…

Одговорноста има име и презиме, тоа е…

Социјалните мрежи горат по вчерашното реми: Од…

Социјалните мрежи вријат откако Македонија вчера ѝ…

Добро утро со Инфомакс: Наше знаме е…

Добро утро Македонци, денеска ви го пренесуваме…