Објавено на:

Џабе оружје кога не знаат да го користат: Како да имате Ајфон 13 и само да телефонирате, вели украински наредник

t

Недостигот од обука на украинските војници за тоа како да ја користат западната опрема станува голема препрека за ефикасноста на користењето во оружјето што го добива како помош од Западот.

По руската воена инвазија врз Украина, земјите членки на НАТО постојано му донираат на Киев модерно оружје со кое бранителите имаат проблеми со ефикасноста во користењето поради недостигот на обука, посебно кога станува збор за напредните ракетни системи што ги донираат Соединетите Американски Држави и Обединетото Кралство

Бадијала им е најмодерно оружје на Украинците кога не знаат да го користат

Зоран Спасоски

Пред 23 минути

Украински војник ракува со модерно оружје донирано од Западот/фото: EPA-EFE/OLEG PETRASYUK

Недостигот од обука на украинските војници за тоа како да ја користат западната опрема станува голема препрека за ефикасноста на користењето во оружјето што го добива како помош од Западот.

По руската воена инвазија врз Украина, земјите членки на НАТО постојано му донираат на Киев модерно оружје со кое бранителите имаат проблеми со ефикасноста во користењето поради недостигот на обука, посебно кога станува збор за напредните ракетни системи што ги донираат Соединетите Американски Држави и Обединетото Кралство.

Пред повеќе од еден месец, украинската војска доби многу понапредна алатка од армијата на САД, високотехнолошки ласер за таргетирање кој изгледа како високотехнолошки двоглед и им задава главоболки на бранителите.

Помладиот наредник во украинската војска Дмитро Писанка додека гледа низ нишанот на модерен ракетен систем гледа и еден куп бројки и линии кои ако се прочитаат правилно, би требало да му ги обезбедат пресметките потребни за да стрела во руските сили. Но, тој не може правилно да ги прочита бројките и не знае како да го користи ласерот.

– Тоа е како да имате „Ајфон 13“, а на него знаете само да телефонирате – изјави Писанка за „Њујорк тајмс“.

Со уредот може да се детектираат мети и во ноќни услови, да се одреди нивното растојание користејќи компас и Џи-Пи-Ес.

Неколку украински војници научија доволно да ракуваат со оваа опрема, но беа прераспоредени на друго место на бојното поле. Поради тоа наредникот Писанка е фокусиран на учење како работи ласерот.

 – Се обидував да научам како да го користам читајќи го прирачникот од 104 страни на англиски и користејќи го преведувалот на Гугл. Додека работите на долги растојанија ласерот го држите во рака поради што понекогаш може да пренесе неточни бројки. Побезбедно е да се работи кога опремата е поставена на статив кон непријателот, а операторот работи со мониторот – Писанка.

Потребите за модерно оружје се најголеми во регионот каде е стационирана единицата на Писанка, североисточно од Херсон. Областа беше место на кратка украинска офанзива минатата недела, која забави веднаш штом Русите го уништија клучниот мост во повлекување. Недостигот на артилерија со долг дострел за Украинците значеше дека тие не можат да го извршат тешкото преминување за да продолжат со контраофанзивата.

– Не можеме да се пофалиме со истиот вид ресурси што постојат кај противникот. Тоа што го добива Украина, можеме да го видиме само на телевизија. Но, веруваме дека порано или подоцна ќе се појави и кај нас – вели мајорот во украинската армија Роман Ковалев.

Обединетото Кралство во понеделникот вети дека ќе испрати мобилни повеќецевни ракетни фрлачи во Киев за да го подобри дострелот и прецизноста на украинската артилерија, само неколку неколку дена откако американскиот претседател Џо Бајден вети дека ќе испрати слично оружје. Најнапредното ново оружје е концентрирано во Источна Украина во регионот Донбас каде се водат жестоки борби со руската армија која напаѓа од три страни за да го освои сега веќе разорениот град Северодоњецк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин не отфрла мирно решение на конфликтот…

Русија никогаш не отфрлила мирно решение на…

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на…

Постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј…

Зеленски удри по Шолц: Не ни дава…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски остро го критикуваше…

Зеленски: Украина ќе ја изгуби војната против…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина…

Шефовите на дипломатиите на Британија и Франција:…

Министрите за надворешни работи на Велика Британија…