Џамбаски: Вистината е дека еден народ живее од Охрид до Црното Море

t

Срамното предавство кое го изврши 47-то Народно собрание, кое ја смени бугарската позиција, беше прифатено како победа од 3:1 за македонизмот, вака бугарскиот европратеник и еден од копретседавачите на бугарската ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски реагираше на изјавата на македонскиот шеф на дипломатијата, Бујар Османи кој вчера во гостување на емисија изјави дека преговорите со Бугарија завршија со 3:1 во корист за нас.

Џамбаски упати жестоки критики кон властите во Софија.

-Тука сме доведени од безрбетниците и патетична сорта на национални предавници и нихилисти кои во име на служењето на своите туѓи господари го предадоа бугарскиот интерес. Ја предадоа бугарската историја, бугарската меморија, ја предадоа, ако сакате, можноста за вистинско пријателство и добрососедство, затоа што тоа беше после промената на бугарската позиција и отстранувањето на ветото кога во Северна Македонија изгоре бугарскиот културен центар „Иван Михаилов“ во Битола. Не само тоа, клубот го претресуваа надлежните, со цел да го заплашат секој што одлучи гордо да се изјасни како Бугарин, напиша Џамбаски.

Според него, „срамот ќе надвладее над предавниците“.

-Нашата задача е да продолжиме да се бориме и да се залагаме за вистината. И тоа е – еден народ живее од Охрид до Црното Море. Народ со заедничка историја, заеднички јазик и заедничка иднина. Ако во Скопје мислат дека „мечот“ заврши, длабоко се лажа, објави бугарскиот европратеник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ