Џамбаски: За земја која промовира хистерија со нeпостоечкото македонско малцинство во Бугарија, иредентизам и сепaратизам нема место во ЕУ

t

Бугарскиот европратеник, Ангел Џамбаски, на социјалните мрежи го критикуваше претседателот на Република МАкедонија, Стево Пендаровски, поради неговата денешна средба со македонските организации во Бугарија, ОМО Илинден и ОМО Илинден-Пирин. Џамбаски го повика и претседателот на Бугарија Румен Радев, во знак на протест да ја откаже средбата со македонскиот колега.

Во продолжение целата објава на Џамбаски:

„Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски се сретна со сепаратистичките и антибугарските организации ОМО Илинден и ОМО Илинден-Пирин, кои со години се финансираат за промовирање на одвојувањето на Благоевград од Бугарија и за наметнување лаги врз Македонците. Оваа средба е недозволива и претставува прекршување на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка, бидејќи е во спротивност со член 11 од истиот.
Поради оваа причина, испратив официјално писмо до бугарскиот претседател Румен Радев, во кое инсистирам, како шеф на државата, да се откаже планираната средба со неговиот македонски колега. Се надевам дека господинот Радев како Бугарин е исто толку шокиран и навреден од оваа очигледна провокација на Пендаровски. Хистеријата со непостоечкото македонско малцинство во Бугарија повторно на дневен ред ја ставија српско-југословенските југоносталгичари во Скопје, кои имаат за цел да ја дискредитираат нашата земја пред светската заедница со проблем кој реално не постои. Штета што лагата на Коминтерната која доведе до фабрикување на „македонско“ етничко малцинство во Пиринско во периодот 1944-1956 година од страна на Бугарската комунистичка партија, сè уште се користи како оружје против нашата земја.
‼️Убеден сум дека како шеф на државата на Република Бугарија, претседателот има историска вокација да застане на страната на вистината и да преземе остри одмазднички мерки против оваа провокација. Како еден од оние милиони бугарски граѓани чии корени и судбина се нераскинливо поврзани со Македонија, инсистирам да се одбие закажаната средба со претседателот на Македонија, Стево Пендаровски. На провокациите мора да се одговори цврсто и категорично. Земја која промовира иредентизам и сепаратизам нема место во ЕУ. Бугарската позиција по ова прашање не треба да се менува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото+видео) Мицкоски на средба со бугарски мафијаш:…

QUO VADIS Мицкоски? (Или „Каде одиш Мицкоски“…

Каква трагедија: Најголемиот „борец“ за права на…

Само како трагедија може да се оквалфикува…

(Видео) Јакимовски: ЕУ да најде начин како…

Претпоследно прашање пред влез во ЕУ ќе…

УЖАС: 12-годишно момче застрела 2-годишно дете во…

Со куршум од воздушна пушка во Враца,…

Македонија и Бугарија имаат најмали цени на…

Сезоната на пролетните одмори е пред нас…