Џамбаски тврди дека Пендаровски кукавички “ги блокнал” Бугарите на Фејсбук: Демант од кабинетот на Претседателот
Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, повторно со низа навреди за претседателот Пендаровски. Овојпат го нарече кукавица затоа што на неговата Фејсбук страна е блокиран пристап од бугарски IP адреси.
– А Оскарот за најкукавички човек оди кај Стево Пендаровски, познат во филмските кругови како Стево Коминтерната.
Претседателот на Република Македонија го блокираше пристапот до неговата сметка на социјалната мрежа „Фејсбук“ за цела Бугарија. Повторувам – за цела Бугарија!
https://www.facebook.com/SPendarovski/ – Ве предизвикувам, обидете се да го отворите овој линк. Не работи, нели?
Очигледно за оваа личност нашата земја не постои. Можете ли да замислите каков дипломатски скандал би се случил доколку претседателот на Франција забрани пристап до неговата страница на територијата на цела Германија?
Патем, на сите им е јасно дека додека беше достапен, јасно можеше да се види дека овој профил е полн со обвинувања, манипулации и историски фалсификати, кои, секако, се типични за националната митологија на југоносталгичарите во Скопје. Ама со цензура – нема ЕУ. Со шупливи обвинувања и напади против Бугарија никаде нема да стигнеш Стево. А таквите постапки на шеф на држава водат само до дипломатски скандал.
Очекувам итен одговор од сите институции во Бугарија. – напиша Џамбаски на Фејсбук.


Од кабинетот на Претседателот за Инфомакс демантираат дека е забранет пристап на бугарски државјани до официјалната Фејсбук страница на Пендаровски.
Во Бугарија вчера имаше хајка против Пендаровски во врска со неговата изјава за време на одележувањето на 80-годишнината од депортацијата на македонските Евреи. Тој истакна дека нема помирување додека Бугарија не се извини за депортацијата на македонските Евреи.
Утрово бугарскиот професор Михаил Иванов истакна дека барањето на Пендаровски е оправдано и правилно и дека Бугарија треба да се извини за дејствијата на фашистичката влада во Втората светска војна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугари „без врска“ ѕвонеле на бројот 112,…
Казна од 10.000 лева (5.000 евра) ќе…
Се чекаат пресуди за Бугарите обвинети за…
Казните на шестемина Бугари прогласени за виновни…
Шестмина Бугари уапсени за проневера на 62…
Шестмина Бугари осомничени за измама на хуманитарна…
Не прифаќаме одложено дејство: Бугарите од Македонија…
Бугарите во Република Македонија бараат да се…
„Илинден“: Вистината на виделина за измислените Бугари…
Раководството и членството на Македонското друштво „Илинден“-Тирана…