Џамбаски ја информираше Европската комисија дека пописот бил фалсификат
Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски во Европската комисија пријави неправилности во пребројувањето на населението на пописот во Македонија, известија од прес-центарот на партијата ВМРО, каде што тој е копретседавач.
Според европратеникот, резултатот е огромен фалсификат. Во писмото, кое Џамбаски го испраќа до Европската комисија се прикачени и сведочења на, како што се вели, луѓе со бугарска самосвест.
Ангел Џамбазки во својот допис до Комисијата потсети дека единствената етничка заедница која е многукратно зголемена е бугарската. За споредба – на пописот од 2001 година бројот на Бугарите е 1417. Но, зголемувањето не се должело на зголемениот наталитет.
Според Џамбаски, над 100 илјади граѓани на Република Македонија добиле бугарско државјанство врз основа на нивното докажано бугарско потекло.
Во контекст на зголемениот притисок за отворање на преговарачкиот процес, верувам дека ова фалсификување всушност ја докажува нашата теза за дискриминација и терор што веќе се случува над 70 години. Гледаме дека во земја кандидат за ЕУ е проблем да се декларираш како Бугар, напиша Џамбазки во своето писмо до Европската комисија.
Џамбаски прашува дали е набљудуван пописниот процес на граѓаните на Македонија од независни европски претставници и кога Европската комисија има намера да го постави прашањето за правата на бугарската заедница во Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Маж од струшко истепан од сосетката, му…
На 28 август 2026 година во 20:40…
Тетовец го тепал полицаецот кој го запрел…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 37-годишен…
Сахарска прашина го замати охридското небо, во…
Охрид денеска се најде под слој од…
Жена од струшкото село Шум пријавила дека…
На 28.08.2026 во 11:30 часот, лице на…
Ангелов: Тежок пожар на Пелистер, намерно е…
Тежок пожар избувна попладнево во атарот на…