Џафери: Ако сите си одат, зошто јас би инсистирал да останам

t

Претседателот на Собранието, Талат Џафери во интервју за МИА изјави дека би ја следел одлуката на министрите на Демократската унија за интеграција и би се повлекол и тој доколку ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставни измени.

Следствено ако сите си одат, зошто ја би инсистирал да останам – изјави Џафери.

Во однос на парламентарните избори вели дека негов личен став е дека избори треба да има во редовен термин и нема причина зошто да не биде тоа така, додека за тоа тоа дали избори за пократко време би помогнале ДУИ да успее да задржи што е можно повеќе гласови, вели дека за тоа треба пресметки да направат партиските органи.

Јас колку што знам ДУИ се има изјаснето мандатот да оди како редовен мандат и да се вратиме во процесот и во системот на четиригодишен мандат. Но, вчерашната одлука која што е изјавена е во конктекст на она што беше резултат или изјава на лидерската средба помеѓу премиерот и претседателот на опозицијата. Предусловот на опозицијата беше – да ние би пристапиле на тоа доколку ДУИ оди во опозиција и беше кажано додека се одржуваше конференцијата дека ако е тоа предусловот за граѓаните ние треба да сме надвор од оваа Влада, за да се изгласаат уставните измени. Раководството, лидерот тоа го соопшти – изјави Џафери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Русија и Украина за првпат се…

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…

Јотова и Радев криеле помилувања? Имињата се…

Во официјалниот регистар на помилувања што го…

ЕУ ги почна преговорите за бесплатен роаминг…

Европската комисија ги започна преговорите со Србија,…

САД нудат награда од 20 милиони долари…

Соединетите Американски Држави нудат награда до 20…

Митровденска задушница – спомен за починатите

Православните христијани денеска ја одбележуваат Митровденската задушница…