Џафери: Горд сум што сум од Форино, многу сум направил на младите

t

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на седницата за неговата интерпелацијата во Собранието реплицираше на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески. Тој констатира дека направил многу за младите.

-Гордо кажувам дека сум од с. Форино и гордо го носам тој надимак за кој што зборувате. Никој не ме киднапирал дека сум од таму. Сите состаноци се со мој потпис. Многу сум направил за младите, изјави Џафери од собраниската говорница.

За усвојување на дневниот ред гласаа 82 пратеници во парламентот со 120 пратенички места, а за збор се пријавија 41 пратеник.

Пред гласањето за дневниот ред, Џафери го образложи текот на седницата и претседателството му го предаде на потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, а во собраниските клупи седна со колегите од неговата партија ДУИ.

Според образложението, седницата трае цел ден, односно гласањето треба да биде пред полноќ или по исцрпување на пријавените пратеници за збор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…

Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…

ЏАФЕРИ: Ако партиите не обезбедат консензус, ќе…

Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека…

Џафери – Ву Таик: Потребно е отворање…

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,…

Џафери – Озогуз: Германија е силен поддржувач…

Претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери…

Џафери: Горд сум што сум од Форино,…

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на седницата…