Џафери: Европскиот фронт нема да ја поддржи оваа интерпелацијата на Африм Гаши

t

Европскиот фронт нема да ја поддржи оваа интерпелација бидејќи не се однесува на работата на спикерот туку на неговата етничка припадност, истакна денеска пратеникот на ДУИ, Талат Џафери кој смета дека Гаши треба да понесе морална одговорност.

– Скандалот на аеродромот, скандалот на границата и скандалите кои не се сомнуваат јавно, се за морална одговорност. Спикерот го користи обезбедувањето само за своја безбедност, никако не смее да го праќа на друго место. Излегување и влегување во граничен појас се меѓународни норми, не е проблем правото на претседателот на Собранието во формата во која поминал, но проблем е злоупотребата на присуството на спикерот таму на границата и казнувањето на тој што добил наредба, а не тој што наредил, односно последниот полицаец кој не може да се брани политички. За ова треба да има морална одговорност и Гаши наместо да се соочи со нас тука, не е во салата. За првпат се случува избраното лице за кое е поднесена интерпелацијата да го напушти местото на кое се дебатира и ова покажува неможност да се понесе одговорност за своите постапки, истакна Џафри.

Свесен сум дека гласовите против оваа интерпелација се обезбедени, но претседателот на Собранието или ќе биде како што треба, или нема само да зафаќа место, рече Џафери

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Џафери: Европскиот фронт нема да ја поддржи…

Европскиот фронт нема да ја поддржи оваа…

8ми септември неработен за сите граѓани

Пред нас е уште еден продолжен викенд.…

Дојава за бомби во 270 училишта во…

Околу 270 основни училишта низ Словачка утринава…

(Видео) Талевски: ВМРО-ДПМНЕ молчи поради партиски дилови…

Одговорност и интерпелација за Гаши требаше да…