Џафери – Лапсли: Македонија е ценета членка на Алијансата која посветено ги развива одбранбените капацитети

t

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, вчера попладне се сретна со помошникот на генералниот секретар на НАТО за одбранбена политика и планирање, Ангус Лапсли во рамки на неговата посета на Скопје.

Премиерот Џафери му посака срдечно добредојде на помошникот на генералниот секретар Лапсли, и воедно го потврди придонесот на Македонија во НАТО, кој во континуитет се зацврстува. Достигнувањето на 2,05% од БДП во буџетот на одбраната, од кои 30% се за модернизација на Армијата, се силен индикатор за тој придонес.

Воедно, со учеството во колективната безбедност преку мултинационалните сили на Алијансата во Романија, во Бугарија и во Латвија, како и во мисијата на НАТО на Косово, КФОР, и во операцијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, АЛТЕА, земјата дополнително се позиционираше и како еден од столбовите на регионалната стабилност.

На средбата, двете делегации имаа можност да поразговараат за Самитот на НАТО во Вашингтон во духот на 75-годишнината на Алијансата, како и за актуелните одбранбени планови, имајќи ја предвид глобалната безбедносна состојба во Европа и светот.

Воедно, двете делегации ја потврдија и поддршката која земјите-членки, вклучително и Македонија, ја даваат за Украина.

Од страна на помошникот на генералниот секретар Лапсли, беше истакнато дека Македонија е ценета членка во Алијансата, имајќи го предвид целокупниот придонес кој досега го има дадено. Алијансата е по обединета и посилна од кога било во нејзината историја, а со зачленувањето на Финска и Шведска, НАТО станува гарант на безбедноста на над 1 милијарда граѓани од демократскиот свет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Италија ја исклучи можноста за воена интервенција…

Италијанскиот министер за одбрана, Гвидо Кросето, истакна…

Џафери за Велигден: Обединети да продолжиме и…

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат…

Зеленски забрани натамошно повлекување на армијата, го…

Во наредните денови Украинците треба да бидат…

Кинескиот претседател Си Џинпинг во посета на…

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска ќе пристигне…

Пендаровски: Следејќи го Христовиот пример, да се…

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански…