Џафери: Ликот и делото на Свети Климент е најдобар пример за симбиозата меѓу духовната и просветителската мисија
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, испрати честитка од лично име, но и од име на пратениците во Собранието по повод празникот Свeти Климент Охридски.
„Ова е празник на основоположникот на црковниот живот во Република Македонија и ревносен ученик на светите браќа Кирил и Методиј. Неговиот лик и дело е најдобар пример за симбиозата меѓу духовната и просветителската мисија, најдобар пример за тоа како да се допре до срцата и умот на следбениците за да се постават солидни основи за произведување на трајни вредности кои покрај тоа што се значајно наследство за идните поколенија, се и скапоцен дар за светското духовно и просветителско наследство.
Да се обидеме да бидеме достоинствени чувари на тоа наследство и заедно да го збогатиме со сета духовна и просветителска разноликост што го краси нашето општество и што не обединува како граѓани на нашата заедничка држава, Република Македонија.
Почитувани граѓани, уште еднаш Ви го честитам празникот и Ви посакувам добро здравје, мир и радост за Вас и Вашите блиски и сакани“, порача Џафери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германски град препорача евакуација поради голем пожар…
Германски град во близина на белгиската граница…
„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на…
Основното јавно обвинителство за организиран криминал и…
ГЕРМАНИЈА ВО СЕПТЕМРИ НА ИЗБОРИ СЕ СООЧУВА…
Етаблираните партии, оние кои сега се власт…
Борот алепо повторно „дежурен виновник“ за пожарите…
Борот алепо повторно е посочен како „главен…
„Би-би-си“ откри скандал во Пакистан: Употребата на…
Болница во Пакистан користела исти шприцови за…