Џафери- Мишел: Мора да се искористи шансата за членство во ЕУ
Техничкиот премиер Талат Џафери, во рамки на посетата на Брисел, оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. На средбата присуствуваа првиот заменик на претседателот за европски прашања, Бојан Маричиќ, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Како што соопштуваат од владината прес- служба, претседателот на Европскиот совет нагласи дека претстојниот период е од исклучителна важност за државата, која треба да спроведе европски избори и да го задржи европскиот правец.
На средбата биле разменети ставови за поддршката на Европската Унија во процесот на евроинтеграции на Македонија, како и за текот на реформските процеси во земјата кои се од исклучителна важност за напредокот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…