Џафери најавува конкретно решение на проблемот со патните исправи
За шест дена од денес е крајниот рок до кога ќе важат личните документи на кои не стои името „Македонија, по што потоа граѓаните нема да можат да се излезат од границите на земјата. Според најавите од МВР се очекува да има зголемување на вработени на пунктот за фотографирање во Пролет, а од понеделник истиот би требало ќе работи во две смени.
Премиерот на техничката влада пак Талат Џафери најави дека на денешната владина седница ќе има поконкретни решенија за проблемот со патните исправи.
Проблем со документи имаат и околу 25 илјади македонски граѓани кои работат или престојуваат во странство, тие во земјава ќе можат да се вратат само со патен лист. Нив ги издаваат конзуларните претставништва, каде мора да се оди лично, а издавањето чини 35 евра. Министерот за надворешни работи Бујар Османи ги повика граѓаните да се јават на 24 часовната линија во МНР, од каде ќе им бидат дадени насоки. Сепак граѓаните велат дека на сајтот на оваа институција, нема никакви информации и нема кој да им ја објасни постапката. Во меѓувреме, продолжуваат гужвите и редиците пред пунктот на МВР за промена на лични документи без претходно закажување. Состојбата со метежот трае уште од отворањето на пунктот на 15 ноември. Граѓаните на земјава треба да ја направат промената на личните документи со името Република Македонија задолжително до 12 февруари, обврска што произлезе од Преспанскиот договор потпишан со Грција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски се надева дека резултатите од американските…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…
Евромбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот…
Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис…
Иран објави информација за три опожарени бродови…
Два танкера и реморкер се опожарени во…
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…