Џафери: Не е точно дека сум примил материјали од Груевски
Првиот човек на Собранието, Талат Џафери тврди дека материјали добива од овластен предлагач како што е Владата, а не од поранешниот лидер на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Собранискиот спикер на средба со новинарите во Скопје ја демантираше таквата информација.
„Нема никаква вистина во тоа дека претседател на Собранието од експремиерот примил каков било допис или каков било материјал. Тоа е невистина која што само служи за дневно политички цели“, рече Џафери. Собранието, вели тој, добива материјали од овластени предлагачи, во форма која е пропишана со Деловникот.
„Не би сакал да користам несоодветни зборови, кои што ги заслужува таквата инсинуација, но оставам на совеста на тие што шпекулираа со јавноста“, рече Џафери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни…
ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…
Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…
Мерц се закани дека ќе го блокира…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…
Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…
Русија и Украина со добра волја пристапуваат…
Експлозија во турска челичарница: Загинаа 16 луѓе,…
Најмалку 16 лица загинаа, а 13 се…