Џафери од Крушево повика на разум: Ќе чекориме кон ЕУ или ќе заглавиме во слепиот балкански колосек

t

Европската идеја од пред 120 години од Крушевскиот манифест за слобода, обединување и просперитет е веќе на дофат, порача претседателот на Собранието, Талат Џафери од Крушево.

-Сега, како што ви е, верувам, познато, Република Македонија, граѓаните и во прв ред политичките фактори во земјата се пред уште една голема и одлучувачка одлука. Дали ќе продолжиме напред кон евроатлантското интегрирање на земјата, нешто за што сме се определиле како држава уште од осамостојувањето во 1991 година или ќе заглавиме на слепиот балкански колосек кој нѐ не води никаде, е избор што треба да се донесе со надминување на хировите, согледување на реалноста и излегување од тесните и себични партиски интереси кои ветуваат некаква друга иднина која и за најголемите оптимисти е нереална фатаморгана, порача Џафери.

Тој додаде дека ова не се времиња за наивни кои ќе резултираат со крајно иреверзибилни последици од кои никој потоа нема да може да се извлече.

Според него, имаме една заедничка држава и сите сме одговорни да ја чуваме и развиваме, а заедништвото нема цена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски од Крушево: Ќе победиме, за бојкот…

Кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски…

(Видео) Јакимовски: Максим Димитриевски им се придружи…

Претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски денеска од Крушево…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

(Видео) „Го фрлил во приколка на комунална“:…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…