Џафери од Тирана: Туризмот обединува различни народи со различни потекла, култури и традиции

t

Туризмот може да биде корисен затоа што обезбедува финансиски средства и поттик за чување на културната историја, местата на локалното наследство и обичаите. Го поттикнува интересот за локалните занаети, традиционалните активности, песните, игрите и усните истории. Тој обединува народи со различни потекла, култури и традиции.

Ова го порача претседателот на Собранието Талат Џафери на втората сесија „Културата и туризмот како приоритет во соработката меѓу земјите од ЈИИ” во рамките на 13-тата конференција на Јадранско-јонската иницијатива што се одржува во Тирана.

-Туристите споделуваат нивни искуства и спомени за местата што ги посетуваат и луѓето што ги среќаваат, помагајќи на тој начин за промоција на мирот и толеранцијата, рече Џафери.

Тој нагласи дека е потребна соработка во туризмот зашто, како што кажа, носи изложување на искуства, средини, системи и различни начини на работа и помага во растот, вмрежувањето и прилагодувањето на оваа индустрија.

-Кога соработувате помеѓу тимовите, вие ги разбирате подобро клиентите и нивните потреби. За да конкурира на светскиот туристички пазар, една компанија треба да ја зголеми својата способност за да постигне да ги услужи и задоволи целните пазари, намалувајќи ги трошоците. Правењето сојуз честопати е најефикасниот и најефективниот начин за постигнување на овие двојни цели, посочи претседателот на Собранието.

Како што кажа, патувањето со размена на сместувачки капацитети и други предности е највообичаениот пример на соработка во туризмот.

-Работејќи заедно со други бизниси и туристички имоти во соработничкиот туризам, вие создавате подобро искуство за посетителот и охрабрувате повеќе спиења. Треба да целиме кон развој на сеопфатен туристички пакет, кој го надминува класичниот туризам, додавајќи ги гастрономскиот, медицинскиот туризам и додавајќи го и културниот аспект, порача Џафери.

Културниот туризам, додаде, нуди силна мотивација за чување на елементот на културното наследство во туристичките дестинации, како важни атракции.

-Повеќето позитивни влијанија на туризмот во културата ги опфаќаат зголемувањето на меѓу-културното делување, разбирањето и чувањето на уметностите, занаетите и локалните традиции, зајакнување на заедниците кои нудат сместувачки капацитети и зацврстување на културните вредности, рече Џафери и нагласи дека културата и туризмот имаат корисен реципрочен однос кој може да ја зголеми атрактивноста на регионите и земјите.

Според него, културата е се позначаен елемент на туристичкиот продукт затоа што креира различитост во глобалниот пазар. Тоа подразбира вид на туристичка активност во кој основниот мотив на посетителот е да научи, да открива, да доживува и восприема допрени и недопрени културни атракции во една туристичка дестинација.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…

Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…

ЏАФЕРИ: Ако партиите не обезбедат консензус, ќе…

Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека…

Џафери – Ву Таик: Потребно е отворање…

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,…

Џафери – Озогуз: Германија е силен поддржувач…

Претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери…

Албанија трета во светот по раст на…

Светската туристичка организација ја рангираше Албанија на…